EWCS

Анкетата за работните услови во Европа (АРУЕ) е осмислна да им обезбеди на креаторите на политики и на истражувачите важни, ажурирани и објективни податоци за работниот живот и за квалитетот на работата во вашата земја и низ цела Европа.

На ова 8. издание, Еврофонд ќе соработува со Verian за да интервјуира околу 50.000 работници во повеќе од 30 европски земји.

За да дознаете повеќе за Еврофонд, посетете ја нивната веб-страница.

Анкетата опфаќа повеќе аспекти на работниот живот, како:

  • како работите
  • бројот работни часови
  • рамнотежата помеѓу службениот и приватниот живот
  • како работата ви влијае врз здравјето

Кој може да учествува?

Избрани учесници коишто...

  1. се на возраст од 16-74 години
  2. и во изминатата недела работеле како вработено или самовработено лице, макар и еден час, под услов да добиле надомест во пари или во натура

За да дознаете повеќе информации за тоа кој може да учествува и да ги видите целосните критериуми, .

Сакаме да обезбедиме сите луѓе што работат во нетипични услови да имаат можност да учествуваат. Можете да учествувате ако за вас важат некои од следниве околности:

  • Во моментов сте на отсуство, но довогорот сѐ уште ви важи, и/или одржувате врска со компанијата/организацијата (овде влегува отсуство поради мајчинство или татковство, боледување, или времено отсуство од фирма во ваша соственост).
  • Немате формален договор за вработување, но заработувате пари со вршење мали ад хок задачи или продавање ситна стока или производи.
  • Работиш на сопствена земјоделска фарма и имаш намера да го продадеш или да го размениш за добра поголемиот дел од произведеното, или си неплатен семеен работник.
  • Работите преку некоја платформа (како, на пример, UBER, AIRBNB, AMAZON, DELIVEROO).
  • Ве отпуштиле, но сè уште добивате плата или сте добиле уверување дека по некое време може да се вратите на работа.
  • Сезонски работник сте и не работите надвор од сезона, но имате договор да се вратите на работа следната сезона или и понатаму добивате надомест.

Како се користат податоците од АРУЕ?

АРУЕ помага да се утврди реалноста на работниот живот, да се идентификуваат вистинските можности и предизвици со кои се соочуваат луѓето и да се обезбедат неверојатно богати податоци за вршење анализа во повеќе области. Некои од неодамнешните публикации се:

[EN] Privilege or necessity? The working lives of people with multiple jobs
[EN] Gender equality at work
[EN] How your birthplace affects your workplace
[EN] How does employee involvement in decision-making benefit organisations?
[EN] Striking a balance: Reconciling work and life in the EU
[EN] Working conditions in the time of COVID-19: Implications for the future
[EN] Working conditions and workers' health
[EN] Working conditions in a global perspective


Еврофонд

Европската фондација за подобрување на животните и работните услови (Еврофонд) е агенција на Европската Унија што се занимава со тоа како живеат и работат луѓето низ цела Европа и како тоа се менува со текот на времето.

Еврофонд е основана во 1975 година, со мисија да обезбеди знаење што ќе помогне да се изработат подобри општествени и други политики поврзани со вработувањето и работата. За да го постигне ова, Еврофонд тесно соработува со европските институции, националните влади, организациите на работодавачи, синдикатите, компаниите и работниците со цел да се подобри начинот на кој работат луѓето во Европа.

За да прочитате повеќе за Еврофонд, посетете ја нивната веб-страница.


Verian

Ова истражување го спроведува Verian според највисоките научни стандарди.

Verian е водечка светска компанија за независни, специјализирани истражувања, обезбедување докази и советување им што нуди услуги на владите и на јавниот сектор во сите аспекти на јавните политики.

Со други зборови, интервјуираат многу различни луѓе за подобро да се разбере променливото општествено, политичко и деловно опкружување.

Примери од работата на Verian

Може да прочитате повеќе за работата на Verian на нивната веб-страница.

Verian и заштитата на личните податоци

Сите одговори или информации што ќе ни ги дадете ќе се чуваат строго доверливо и се гарантира анонимноста на секој испитаник. Сите прибрани податоци ќе се користат исклучиво за целите на истражувањето.

Учеството во анкетата е целосно доброволно и не ви се потребни никакви посебни предзнаења за да одговорите на прашањата.

На прашањата за безбедноста на личните податоци, нивното чување, заштитата и доверливоста се пристапува со голема сериозност. Verian има утврдено процедури за безбедност на личните податоци со кои се сведува на минимум ризикот од губење на податоците и се гарантира доверливоста на испитаниците во секое време.

За да дознаете повеќе на оваа тема, прочитајте го известувањето за заштита на личните податоци на следнава врска.