ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
за истражувањето за работните услови во Европа во 2024 г.

Како агенција на ЕУ, Европската фондација за подобрување на животните и работните услови (или Еврофонд/Eurofound) ја прифаќа потребата да ги заштити вашите лични податоци. Затоа, како контролор на податоци, се обврзуваме да ги обработуваме податоците во согласност со важечкото законодавство1.

Ако откако ќе го прочитате ова известување сè уште имате прашања или сомнежи за обработката на вашите податоци, контактирајте нè на dataprotectionofficer@eurofound.europa.eu. Ќе ви одговориме во најкраток можен рок, но секогаш најдоцна во рок од еден месец.

Што претставува Истражувањето за работните услови во Европа?

Истражувањето за работните услови во Европа (или EWCS) е анкета што се спроведува секои пет години и опфаќа различни аспекти од работниот живот, како што се работно време, работна организација, рамнотежата помеѓу работата и приватен живот и здравствените прашања поврзани со работата. Приближно 50.000 работници во 36 европски земји ќе бидат интервјуирани за нивните работни услови.

На европските креатори на политики и истражувачи собраните податоци ќе им обезбедат драгоцени, ажурирани и објективни информации за условите за работа, за квалитетот на работата и за вработувањето во Европа, за да се подобри работниот живот за сите. Првите резултати од оваа студија ќе бидат достапни во 2025 г.

За подетални информации за EWCS, посетете ја https://www.eurofound.europa.eu/surveys/2024/european-working-conditions-survey-2024.

Кој го спроведува ова истражување?

Анкетата ја спроведува Verian во име на Еврофонд, контролорот на податоци. Verian, процесорот на податоци, е компанија за истражување на пазарот што се придржува до највисоките етички стандарди и професионални кодекси на однсување, вклучувајќи ги WAPOR2 и ESOMAR3.

На кој начин сум избран/а јас?

Избрани сте по случаен избро како дел од строг научен процес за да може да разговараме со репрезентативен примерок на сите работници на популацијата во вашата земја. Секој што е поканет да учествува, вклучувајќи ве и вас, има позната, позитивна веројатност да биде избран. Случајниот примерок е избран или со користење на регистар на поединци или домаќинства или врз основа на попис, во зависност од државата.

Кои лични податоци ќе се собираат?

Ќе се обработуваат следните податоци:

  1. за да ве поканиме да учествувате во истражувањето, ќе се обработуваат вашиот телефонски број, род, поштенска адреса и возраст;
  2. лични податоци што може да ги дадете додека одговарате на овој прашалник, а се фокусираат на различни аспекти од работниот живот, меѓу кои (i) како работите, (ii) работното време, (iii) рамнотежата помеѓу работата и личниот живот, и (iv) начинот на кој работата влијае врз вашето здравје;
  3. податоци за здравствениот статус како и етничкото потекло;
  4. информации дали сте биле дискриминирани или не на работа врз основа на неколку различни основи, или дали сте се соочиле или не со непосакувано однесување на работа (едноставно прашање со „да“ или „не“). Имајте предвид дека НЕМА да ве прашаат да дадете лични податоци или факти поврзани со овие искуства;
  5. информација дали сте гласале или не на последните парламентарни избори. Имајте предвид дека НЕМА да се собираат фактички информации за вашето политичко мислење;
  6. името и адресата за е-пошта, ако дадете согласност повторно да ве контактираат за последователно истражување;
  7. секоја информација што ќе ја дадете при пополнување обрасците на нашата веб-страница, како и при пријавување проблем со нашата веб-страница;
  8. секоја информација што ќе ни ја дадете, вклучително и при кореспондецијатата кога контактирате со нас;
  9. детали за вашите посети на нашата веб-страница, вклучувајќи и, но не ограничувајќи се на податоците за сообраќај, податоците за локација, за блогови и други податоци за комуникација, или друго и ресурсите до кои пристапувате; и
  10. информации за вашиот компјутер, заедно со вашата ИП – адреса, оперативниот систем и типот на прегледувач, кога овие податоци се достапни, заради администрирање на системот. Овие информации се користат за да се генерираат статистички податоци за постапките и шемите за прелистување на нашите корисници.

Треба да знаете дека ако дадете податоци за контакт, тие ќе бидат поврзани со вашите одговори. Ако не дадете податоци за контакт за последователни анкети, вашите одговори на оваа анкета ќе бидат анонимни и ќе биде невозможно Еврофонд или Verian користејќи ги да ве идентификуваат. директно или индиректно. Во секој случај, би сакале да разјасниме дека резултатите од истражувањето ќе бидат анонимизирани (односно само статистички информации) и никој НЕМА да може да ве идентификува, директно или индиректно, во кои било објавени резултати.

Сите лични податоци што се собираат и понатаму се обработуваат во врска со анкетата EWCS за 2024 г. се неопходни за извршување на задачите на истражувањето што го спроведува Еврофонд во јавени интерес4, како и за извршување на законските обврски5 што му се доверени на Еврофонд со Регулативата за неговото основање6.

Обработката на податоци за здравјето и податоци за етничкото потекло е оправдна за научно-истражувачки цели7.

Секоја дополнителна обработка на вашите лични податоци (на пр. за последователни цели) ќе се врши само ако сте дале согласност8.

Во врска со сите податоците што ги давате кога контактирате со нас (на пр. кога ги остварувате правата за заштита на податоците), неопходни се за да ја исполниме законската обврска да одговориме на вашето барање9.

Конечно, деталите за вашите посети на нашата веб-страница како и информациите за вашиот компјутер ќе се собираат и понатаму ќе се обработуваат со ваша согласност10. За повеќе информации, прочитајте ја нашата Политика за колачиња.

Кој ќе ги обработува вашите податоци?

До вашите лични информации ќе имаат пристап само соодветно овластени членови на персоналот на Еврофонд и Verian, чиишто вработени при извршувањето на должностите се придржуваат до законските или договорните обврски за доверливост.

Колку долго ќе се чуваат вашите податоци?

Се применуваат следните периоди на чување:

  1. Личните податоци ќе се чуваат 12 месеци откако ќе заврши проектот (на пр. до октомври 2025 г.)
  2. Ако сте се согласиле повторно да ве контактираат за понатамошно истражување, вашето име и податоците за контакт ќе се чуваат две години од датумот кога сте ги дале овие податоци.

Откако ќе поминат периодите на чување, личните податоци ќе се отстранат на начини што ќе обезбедат нивната доверлива природа да не биде компромитирана.

Како се заштитени вашите лични податоци?

Се спроведуваат неколку контроли на безбедност за да се заштитат вашите лични податоци од неовластен пристап, користење или откривање. Затоа, вашите податоци ќе се чуваат на компјутерски системи лоцирани во Европската Унија, со пристап дозволен исклучиво на овластен персонал.

Вашите одговори ќе се чуваат одделно од вашите лични податоци и ќе се користат исклучиво за целите на истражување.

Вашето учество, заедно со вашите поединечни одговори на прашањата ќе се чуваат во строга доверливост. Резултатите од истражувањето ќе бидат анонимизирани, само статистички информации и нема да може да ве идентификуваат во објавените резултати.

Дополнително, Verian ги усогласува своите работни практики со меѓународно договорените стандарди за квалитетот на истражувањата на меѓународниот пазар (ISO20252), меѓународниот стандард за ситемите за управување со квалитет (ISO 9001) и меѓународниот стандард за управување со безбедноста на информациите (ISO 27001).

Дали ги пренесуваме вашите податоци надвор од ЕУ?

Обработката на вашите лични податоци во принцип, се одвива во рамките на ЕУ или Европската економска зона (ЕЕЗ). Освен тоа, некои обработки се одвиваат во ОК, бидејќи во некои случаи, нашиот договарач, Verian, ги пренесува вашите контакт детали (име и/или поштенска адреса) на Greens, компанија за дигитално печатење со седиште во ОК, за да испрати писма со покани за вашето учество во оваа анкета.

Кои се вашите права?

Во рамките на ограничувањата поставени од Општатата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци, имате право да пристапите, да ги коригирате, да ги бришете и/или да ги пренесувате вашите лични податоци, да ја ограничите обработката или да поднесете приговор на обработката на личните податоци и да ја повлечете согласноста (ако сте ја дале). Имајте предвид дека повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката додека вашата согласност била важечка.

За да ги остварите горенаведените права, пишете ни на PublicCompliance@veriangroup.com. Вашето барање е бесплатно. Меѓутоа, ако е очевидно неосновано или претерано, Еврофонд, како контролор на податоци, може да одбие да постапи по него.

Исто така, имате право да поднесете поплака до Европскиот надзорен орган за заштита на податоците, ако сметате дека обработката на вашите лични податоци го крши законот. Повеќе информации ќе најдете овде.

Известување за материјални промени

Го задржуваме правото повремено да го ажурираме или промениме ова известување за да ги одразиме промените во обработката. Ве охрабруваме повремено да го проверувате ова известување за да се информирате како ги обработуваме и штитиме вашите лични податоци.

Контакт

Прашања, коментари и барања во врска со ова истражување се добредоједни и треба да се достават до референтот за истражувања, Sophia.MacGoris@eurofound.europa.eu.

Последно ажурирано: 10 мај 2024


1 Регулативата (ЕУ) 2018/1725 на Европскиот парламент и Советот за заштита на физичките лица при обработката на лични податоци од страна на институциите на Унијата, телата, канцелариите и агенциите и на слободното движење на тие податоци (или EUDPR)..
2 Повеќе информации може да се најдат овде.
3 Повеќе информации може да се најдат овде.
4 Член 5(1)(a) од Општатата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.
5 Член 5(1)(b) од Општатата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.
6 Регулатива (ЕУ) 2019/127 на Европскиот парламент и на Советот од 16 јануари 2019 за основање на Европската фондација за подобрување на животните и работните услови (Еврофонд), и укинување на Регулативата на Советот (EEЗ) Бр. 1365/75, поточно членовите 1 и 2.
7 Член 10(2)(j) од Општатата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци
8 Член 5(1)(d) од Општатата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.
9 Член 5(1)(b) од Општатата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.
10 Членовите 6 и 9 од Директивата за приватност и електронски комуникации, како и Член 5(1)(d) од Општатата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци.
11 ЕЕЗ се состои од 27 земји членки на ЕУ плус Норвешка, Исланд и Лихтенштајн
12 ОК се смета за адекватна држава според одлуката на Европската комисија донесена во јуни 2021. Пренесувањата на податоци во ОК се законски според член 47 од EUDPR и одлуката за спроведување на Комисијата и Coветот (ЕУ) 2021/1772 од 28 јуни 2021 во согласност со регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот Парламент и Советот за адекватна заштита на лични податоци од страна на Обединетото Кралство.
13 Повеќе информации погледнете овде.