Најчесто поставувани прашања (ЧПП)

На оваа страница:


Кој го спроведува ова истражување?

Истражувањето го спроведува Европската фондација за подобрување на животните и работните услови (Еврофонд) во соработка со Verian. Еврофонд е агенција на Европската Унија што се занимава со тоа како живеат и работат луѓето низ цела Европа и како тоа се менува со текот на времето.

Еврофонд тесно соработува со европските институции, националните влади, организациите на работодавачи, синдикатите, компаниите и работниците со цел да се подобри начинот на кој работат луѓето во Европа.

За да дознаете повеќе за Еврофонд, посетете ја нивната веб-страница.

Verian е компанија што ги советува своите клиенти во владите, во јавниот сектор, во невладините и во непрофитните организации за спроведувањето на јавните политики, програми, услуги и комуникацијата со јавноста. Во суштина, Verian интервјуира многу различни луѓе за да обезбеди суштински увид во променливото општествено, политичко и деловно опкружување во Европа.

За да дознаете повеќе за Verian, посетете ја нивната веб-страница.

врати ме најгоре


Зошто сум поканет/а да учествувам?

За ова истражување ќе бидат интервуирани околу 50.000 работници во повеќе од 30 европски земји. Во секоја земја извлечен е репрезентативен примерок според строги научни стандарди за да се обезбеди дека во него се застапени сите работници во земјата. За сите работници во секоја земја е веројатно да бидат избрани.

Во рамките на овој процес, избрани сте по случаен избор да учествувате во анкетата. Единствени сте и никој не може да ве замени. Ако не учествувате во анкетата, работниците како вас може да не бидат застапени како што треба.

Ве уверуваме дека немаме други информации за вас и за вашето домаќинство.

врати ме најгоре


Зошто е важно моето мислење?

Вашите одговори ќе ја обезбедат доказната евиденција за подобрување на политиките чија цел е подобрување на работните услови и на квалитетот на вработувањето за сите работници во нашата земја и во Европа во целина.

За таа цел во анкетата потребно е да учествуваат луѓе од сите возрасни групи и занимања. Во спротивно, информациите што ги прибираме може да не се репрезентативни за работниците во нашата земја. На некој начин, зборувате за илјадници други луѓе како вас.

врати ме најгоре


Што се бара од мене?

Дали сте на возраст помеѓу 16 и 74 години и дали минатата недела работевте некаква работа како вработено или самовработено лице - дури и само еден час, за што ви беше платено со пари или во натура? Со учеството во АРУЕ, можете да придонесете да се чуе вашиот глас и оној на работниците како вас.

Ако добивте писмо со покана за вашето домаќинство да учествува во истражувањето, едноставно посетете ја веб-страницата и внесете ги единствениот број и лозинката што се содржани во поканата за учество во анкетата.

Во домаќинствата во кои има повеќе од едно лице на возраст од 16 до 74 години кое работи, во анкетата може да учествуваат повеќе членови на домаќинството.

Ако сте ни ја дале вашата е-пошта или телефонски број и сте добиле покана по е-пошта или СМС, само кликнете на врската до анкетата, која е единствена и достапна само вам.

Врската ќе ве одведе директно до онлајн-анкетата.

Во знак на благодарност за учеството, секој поединец што ја пополнил анкетата ќе добие ваучер за подарок. Ако така претпочитате, може да одлучите истиот износ да го донирате во добротворни цели.

врати ме најгоре


Имам тешкотии да пристапам до анкеатата онлајн. Кој може да ми помогне да се најавам?

Ако добивте писмо со покана по пошта, може да се најавите со корисничкото име и лозинката што се запишани во писмото. Ако корисничкото име и лозинката не функционираат, обратете ни се така што ќе кликнете на Поддршка на дното на овој екран.

Ако поканата ја добивте лично или по телефон и се согласивте да учествувате, не ви се потребни корисничко име и лозинка. Испратена ви е е-порака или СМС со врска до анкетата и може да пристапите до анкетата кликнувајќи на врската. Ако не сте добиле е-порака или СМС или ако врската не функционира, обратете ни се така што ќе кликнете на Поддршка на дното на екранот.

врати ме најгоре


Како да ја побарам наградата?

Во знак на благодарност за вашиот придонес, ви нудиме ваучер за подарок. Штом го пополните прашалникот, ќе бидете пренасочени на нашата веб-страница за награди каде што може да изберете еден од повеќе различни ваучери или да дадете донација на добротворна организација.

За автентикација ќе ги користите истите податоци за најавување како и за анкетата.

врати ме најгоре


Што ќе се случи со моите одговори?

Вашите информации ќе се користат само за прибирање податоци за новите политики и за целите на истражувањето. Вашите одговори ни помагаат да ја разбереме реалноста на сите работници во Европа, а со тоа претставуваат составен дел од доказната евиденција за подобрување на политиките за унапредување на квалитетот на работата.

Прашањата опфаќаат различни аспекти на работниот живот, вклучително и како работите, колку работни часа, рамнотежата меѓу службениот и приватниот живот и како работата ви влијае врз здравјето. Не се потребни посебни знаења за да одговорите на прашањата.

За правилно да се спроведе анкетата, ќе побараме од вас некои лични податоци. Ќе осигуриме вашите одговори да бидат обработени така што никој да не може да ве идентификува од тоа што сте го кажале. Ова значи дека вашите одговори ќе се додадат кон одговорите од другите лица за да се формира база на податоци што ќе послужи за подготовка на политики и истражувања.

АРУЕ обезбедува неверојатно богати податоци што овозможува анализи во повеќе области. Еве неколку примери на неодамнешни публикации:

[EN] Privilege or necessity? The working lives of people with multiple jobs
[EN] Gender equality at work
[EN] How your birthplace affects your workplace
[EN] How does employee involvement in decision-making benefit organisations?
[EN] Striking a balance: Reconciling work and life in the EU
[EN] Working conditions in the time of COVID-19: Implications for the future
[EN] Working conditions and workers' health
[EN] Working conditions in a global perspective

врати ме најгоре


Повеќе информации за следните анкети на Еврофонд

На крајот од анкетата ќе бидете прашани дали би учествувале во идни анкети во организација на Еврофонд.

Ако се согласувате, од вас ќе се побара да дадете податоци за контакт. Еврофонд ќе ги чува овие податоци најмногу две години за да може да стапи во контакт со вас во иднина. За секоја нова анкета, Еврофонд ќе ве извести колку време ќе ви биде потребно за да ја пополните.

врати ме најгоре


Како ќе бидат заштитени моите лични податоци?

Сите одговори или информации што ги давате ќе се чуваат строго доверливо и се гарантира анонимноста на секој испитаник. Сите прибрани податоци ќе се користат исклучиво за целите на истражувањето.

Учеството во анкетата е целосно доброволно и не ви е потребно никакво посебно предзнаење за да одговорите на прашањата.

На прашањата за безбедноста на личните податоци, нивното чување, заштитата и доверливоста пристапуваме со голема сериозност. Нашите процедури за безбедност на личните податоци се осмислени да го сведат на минимум ризикот од губење на податоците и да ја гарантираат доверливоста на испитаниците во секое време.

За да дознаете повеќе на оваа тема, прочитајте го известувањето за заштита на личните податоци на следнава врска.

врати ме најгоре


Сакам да учествувам, но не добив покана. Што да направам?

Учесниците се избираат по случаен избор од сите адреси во вашата земја. Ваквиот случаен избор значи дека ќе бидат поканети да учествуваат лица на различна возраст, од различни региони, со различен социјален статус и ниво на образование.

Иако искрено го цениме вашето мислење, може да учествувате во АРУЕ само ако ние лично сме ве поканиле.

врати ме најгоре


Како да добијам поддршка ако се соочувам со здравствени и безбедносни проблеми или насилство на работното место?

Кога се соочувате со некакви здравствени и безбедносни проблеми или насилство на работното место, веднаш побарајте професионална поддршка. Список на линии за помош и извори на информации може да најдете овде.

врати ме најгоре


Со кого можам да разговарам ако имам уште прашања во врска со АРУЕ?

Одговори на најчесто поставуваните прашања за оваа анкета може да најдете овде.

Ако имате уште прашања, обратете ни се директно така што ќе кликнете на Поддршка на дното од екранот. Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања.

Ќе ви одговориме што е можно поскоро, најчесто во рок од пет работни дена.

врати ме најгоре